Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство.

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион, беа одредени групите за шампионатот во Швајцарија 2025 година.

Очекувано, Македонија е сместена во третата „Ц“ квалитативна конкуренција. Во групата „Ц2“ противнички на нашите фудбалерки ќе бидат Словенија, Летонија, и Молдавија.

Осум репрезентации (двете прворангирани од четирите групи во „А“ дивизијата дирекот обезбедуваат пласман на шампионатот. Останатите ќе ги дознаеме по одигрувањето на дополнителните плејоф натпревари.

Првите два натпревари во квалификациите ќе се играат од 3 до 9 април 2024 година. Следните две рунди (3 и 4.коло) на програмата се од 29 мај до 4 јуни. Последниот круг (5 и 6 коло) се во периодот од 10 до 16 јули 2024.