Фудбалерите на Милан се радуваа на победа на тешкото гостување во Рим кај Лацио,

Дуелот од 27-то коло во Серија А, одигран на „Олимпико“ донесе борбен фудбал со многу стартови и картони, а Милан славеше со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше, Швајцарецот, Оканфор во 88-та минута.

Домаќините половина час играа со играч помалку бидејќи Пелегрини заработи два жолто картони. Во судиското дополнение и на крајот поради неспортски однос црвени картони заработија Марушич и Гуендузи.

Со трите освоени бодови Милан сега има 56 и е на третата позиција на табелата со бод помалку од Јувентус. Неприкосновен на врвот е Интер со 69 бодови.