Екипата на Шалке, за која настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов забележа важна победа.

Во натпревар од 24.коло на Втората Бундес лига, Шалке пред своите симпатизер во Глзенкирхен, славеше над Сент Паули со 3-1.

Јусуф Кабадаи беше двоен стрелец за домаќините (44 и 73.минута). По вториот гол, на негово место во игра влезе Чирлинов, кој веднаш заработи жолт картон.

Саад во 89-тата намали на 1-2, но Караман во втората минута од судиското дополнение ја потврди победа на Шалке со конечни 3-1.

Шалке со 29 бодови е 13-ти, а има седум повеќе од Кајзерслаутерн и Ханза, кои се во опасната зона.