Екипата на Баерн Минхен остана без планирани два бода во дуелот со Фрајбург. Во натпреварот од 24-тото коло на Бундес лига, Баварците на гостински терен одиграа без победник 2-2.

Домаќините одлично го почнаа натпреварот. Со прекрасниот голот на Кристијан Гунтер во 12.минута поведоа со 1-0. На Баварците им беа потребни дваесетина минути да ги консолидираат редовите. Тоа донесе резултат во 35-тата кога Матијас Тел погоди за израмнување на 1-1.

Во второто полувреме гостите успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Преку Мисиала во 75-минута Баерн поведе со 1-2. Сепак, предноста не успеаја да ја сочуваат бидејќи во 87.минута Холер израмни на 2-2.

Тоа беше и конечен резултат на натпреварот.

Со само еден освоен бод, Баен полека ја гиби трката за шампионската титула. Сега Баварците имаат седум бодови помалку од лидерот Баер Леверкузен кој в недела гостува кај Келн.