Две млади машки ракометни репрезентации на Македонија, попладнево ќе ги дознаат противниците за Европските шампионати 2024-та.

Имено ,попладнево (15 часот) во просториите на седиштето на Европската Ракометна Федерација во Виена, ќе се одржи извлекување на групите за учество европските првенства за ракометари до 20 и до 18 години.

Младинското машко првенство за ракометари до 20 години ќе се одржи во Целје, Словенија во период од 10 до 21 Јули 2024 година.

Македонија во зависност од извлекувањето ќе биде дел од третиот или четвртиот шешир. Пред извлекувањето на групите, ќе биде спроведено извлекување кое ќе одреди кои од трите репрезентации Македонија, Aвстрија и Чешка и Македонија, во кој шешир (трет или четврти) ќе бидат сместени. Ова бидејќи трите селекции на ова првенство се пласираа како победници на ЕХФ шампионатите до 18 години во 2022 година.

Кадетската селекција (У18) ќе игра на шампионатот Подгорица, Црна Гора во период од 7 до 18 Август 2024. Македонија е дел од четвртиот шешир во кој се уште селекциите на Романија, Грција, Израел, Украина и Италија.

На двата шампионати ќе настапат по 24 репрезентации поделени во шест групи. Земјите домаќини (Словенија и Црна Гора) има право да изберат групата во која ќе се натпреварува.

Извлекувањето ќе може да се следи ВО ЖИВО ОВДЕ.