Македонската женска репрезентација денес ќе го одигра првиот меч против Шпанија од квалификациите за ЕП 2024 година.

Гостинките важат за апсолутни фаворитки, но нашите ракометарки во мечот влегуваат без императив. Единствено што посакуваат да го одиграат најдоброто, давајќи го максимумот.

Селекторот Грчевски не ќе може да смета на искусната Дабевска која се здоби со повреда на еден од тренинзите.

Македонската репрезентација претходно успеа да ги совлада Литванија и Азербејџан во оваа група. Истото го сторија и шпанските ракометарки, па така двете репрезентации кои се на првите две места на табелата.

Тие важат и за фаворити за пласман на Европскиот шампионат. Првенството ќе се одржи во периодот од 28 ноември до 15 декември во три земји – Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот.

Влезот  за сите љубители на женскиот ракомет е слободен.

Ивона Кимовска