Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство 2025-та.

Во натпреварот од 2.коло на „Х“ групата Македонија на гостувањето кај Полска славеше убедливо со 96-71. Борбената игра во текот речиси на целиот меч придонесе за убедлив триумф изразен со +25 поени разлика.

Домаќинот подобро го отвори натпревари и во два наврати имаше +6 (9-3 и 14-8). По тајмаутот, на Јончевски, следуваше серија на црвено-жолтите со 16-2 и водство по првата четвртина од 25-16 (+9). Веќе на стартот на втората четвртина со десниот кош на Димитријевиќ, и тројката на Магдевски, Македонија имаше и предност од 13 поени (29-16). Домаќините кои форсираа шут за тројка (2 од 15) постојано бркаа негатива. Димитријевиќ (19 поени) и Хап (12) беа оние кои ја одржуваа предноста. Македонија на одмор замина со +9 (47-38).

Во второто полувреме, црвено-жолтите продолжија со одличната игра пред се во одбраната, а потоа и нападот. Го добија периодот со 22-12, и имаа +23 поен предност (69-46). Тука подзастанаа и на домаќинот му дозволија да се врати во игра. Со серијата на крајот на третиот и почетокот на последниот период со 11-0, домаќините намалија на -12 (57-69). Сепак, тоа беше се што сторија домаќините, па Македонија славеше со конечни 96-71.

Тандемот Димитријевиќ-Хап заедно искомбинира повеќе од половината поени на Македонија (51). Нено заврши со 32 поени и по 8 асистенции скокови, а Итан на 19 поени додаде 7 скокови. Двоцифрени беа и Стојан Ѓуровски со 17 и Андреј Маслинко кој постигна 10.

Во следниот „прозорец“ од квалификациите закажан за октомври месец, Македонија ќе игра двомеч со Литванија, во Скопје (21.11) на па гостински терен (24.11). Литванците вечерва загубија од Естонија со 59-65, па Естонците со два победи се први на табелата.

Табела: Естонија 4 бодови, Македонија 3, Литванија 3, Полска 2.