Македонските кошаркари вечерва против Естонија ќе имаат голема поддршка од трибините.

Како што информираа од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) сите карти за овој натпфревар се распродадени.

Натпреварат ќе започне од 19 часот, па од КФМ ги повикуваат гледачите порано да дојдат во салата.

Во соопштението на КФМ се вели:

„Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени!

Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот.

Натпреварот започнува во 19:00 часот.

Ве замолуваме навремено да се упатите кон СРЦ Кале.

Паркингот на спортскиот центар е со ограничени места, ве замолуваме да ги искористите и околните паркинг капацитети“.