На неколку часа пред натпреварот со Естонија, македонскиот селектор Александар Јончевски ги одреди 12-мината кошаркари за вечерва.

Очекувано, во тимот ќе ги нема најмладите Амар Хот и Марин Петков.

Јончевски на располагање ќе го има капитенот Војдан Стојановски. Но, колку Војдан е рехабилитиран од повредата и колку може да помогне, останува да видиме.

Императив за Македонија е победа над Естонија која е главен конкурент на црвено-жолтите за настап на ЕП.

Натпреварот ќе се игра во СЦ ,,Кале” од 19 часот.