Двете млади машки ракометни репрезентации, младинската и кадетската, претстојното лето ги чека настап на Европските шампионатот.

Младинската репрезентација на ракометари до 20 години ќе игра на првенството во Словенија, додека помладите (до 18 години) во Црна Гора.

Како дел од подготовките за овие првенства двете репрезентации ќе ја искористат ЕХФ неделата да одиграат подготвителни натпревари.

Радослав Стојановиќ со јуниорите во Скопје, ќе спарингува против селекцијата на Хрватска. Натпреварите ќе се играат на 15-ти и 16-ти март.

Кандидатите пак ден порано ќе гостуваат на врсниците во Црна Гора. Тие натпревари ќе се играат на 14-ти и 15-ти март.