До баражот за Светското првенство со Фарските острови има уште два месеци, но македонските ракометари ќе се подготвуваат многу порано.

Имено, од Ракометната федерација на Македонија информираа дека најдобрата машка репрезентација ќе одигра два контролни натпревари со Романија.

Периодот во рамките на ЕХФ неделата од 11 до 17 март, Кирил Лазаров ќе го искористи да контроли против селекцијата на Романија.

Натпреварите ќе се одржат во градот Браила на 15-ти и 16-ти март 2024.