Машката македонска ракометна репрезентација на Македонија против Фарските острови ќе брка ново учество на Светските шампионати.

Ждрепката за Мундијалот што ќе се игра во 2025 година, ги ја донесе незгодната скандинавска селекција.

Според реномето Македонија е фаворит, но противникот на последното ЕП покажа дека игра одличен ракомет. Затоа задачата нема да биде нималку лесна во дуелите што ќе се играат во мај месец.

Првиот натпревар е закажан за 8 мај во Торшавн, со почеток во 18 часот.

Реванш дуелот е четири дена подоцна во Скопје. Тој натпревар ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.