Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе игра контролен натпревар. Во рамките на ЕХФ неделата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одмерат силите во контролен натпревар против селекцијата на Австрија.
За овој собир, националниот тим ќе биде во изменет состав. Селекторот нема да може да смета на искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои добија заслужен одмор. Во селекцијата ги нема и Мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев се надвор од стројот поради процеси на рехабилитација од повреди.
Овој дуел е примарно насочен кон воигрување на тимот за мајските бараж натпревари за пласман на Светското првенство 2027 во Германија. Македонија својот противник во баражот ќе го дознае по завршувањето на пресметката меѓу Украина и Словачка.
Првата средба заврши со победа на Словачка од 27:24, а реваншот е закажан за утре (недела, 22 март). Бараж натпреварите за Мундијалот се планирани за 13/14 мај (први средби) и 16/17 мај 2026 година (реванши).
Паралелно со подготовките за СП, фокусот е насочен и кон квалификациите за Европското првенство 2028. Ждрепката ќе се одржи на 26 март во Лисабон со почеток во 19:00 часот. Македонија е сместена во вториот шешир, што ветува предизвикувачки, но остварливи ривали во борбата за место меѓу 24-те најдобри селекции на континентот.
Натпреварот ќе се одигра во градот Брегенц ќе почне во 18 часот.


































