Еурофарм Пелистер сеуште нема позитивен резултат во Лигата на шампионите. Зелено-белите ги загубија сите досегашни (11) дуели.

Тешко е да се поверува дека на следниот во Германија, против фаворизираниот Кил може нешто да се смени.

Но, словенечкиот голман, Урбан Лесјак верува дека се е можно во дуелот со Кил, но се ќе зависи од играта на пелистерци од самиот почеток.

„Знаеме дека не очекува еден многу добар противник. Но, одигравме добро против нив во Битола. Со тој мотив одиме на гостувањето, па да се покажеме и во подобро издание.

На првиот меч бевме на “една топка“ да натпреварите големо изненадување за цела Европа, но за жал тоа не ни успеа.

Но, можеме да играме против нив добро и таму, ако бидеме добри и ако сме во “егал“ се е можно.

Зависи многу од нас, да не се исплашиме, да тргнеме машки во секој дуел, да имаме желба од самиот почеток и на крајот се ќе биде возможно“, изјави Лесјак.

Натпреварот од 12.коло меѓу Кил и Еурофарм Пелистер ќе се игра во четврток со почеток од 18.45 часот.