Кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, ќе се игра на 2 и 3 март во Скопје.

Согласно пласманот на екипите во „А“ дивизијата на Првата лига, познати се четирите екипи кои ќе играат на завршницата.

Со тоа познати се и двојките за полуфиналната рунда.

Актуелниот бранител на трофејот од лани, МЗТ Скопје Аеродром, за противник ќе ја има екипата на Вардар.

Во второто полуфинале ќе играат шампионот Баскет Кам и екипата на Крива Паланка.

Полуфиналните дуели ќе се играат во сабота (2 март), а финалето е ден подоцна (3 март).

Термините (саатницата) за натпреварите што ќе се играат во СЦ „Кале“, дополнително ќе бидат одредени.