Репрезентацијата на Фарски Острови ќе биде противник на Македонија во баражот за пласман на Светското ракометно првенство 2025-та година.

Ова е епилогот од денешната ждрепка одржана во Германија, каде утре, со дуелите за медал, завршува Европскиот шампионат.

Фарските Острови секако ќе бидат незгоден противник бидејќи оставија одличен впечаток на Европскиот шампионат.

Натпреварите ќе се играат во периодот од 8 до 12 мај 2024.

Домаќини на Светското првенство се Хрватска, Норвешка и актуелниот шампион Данска. Покрај нив настап на Мундијалот обезбедија и Франција, Германија и Шведска. Останатите 11 учесници од европскиот континент ќе се решаваат преку бараж.

БАРАЖ ЗА СП 2025
ФАРСКИ ОСТРОВИ – МАКЕДОНИЈА
ШПАНИЈА – СРБИЈА
СЛОВЕНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
ГРЦИЈА – ХОЛАНДИЈА
РОМАНИЈА – ЧЕШКА
ПОРТУГАЛИЈА – БИХ
ГРУЗИЈА – АВСТРИЈА
ПОЛСКА – Словачка/Израел,
ИСЛАНД – Естонија/Украина
Финска/Литванија – УНГАРИЈА
Белгија/Италија – ЦРНА ГОРА,