Богатата вечер во НБА лигата ја одбележа шутерската шоу на Стеф Кари во победата на Голден Стејт над Индијана со 131:109.

Натпреварот беше решен уште во првата четвртина во која „Воините“ уфрлија 44 поени. Кари натпреварот го заврши со 42 поени од кои 11 тројки од 15 тројки.

Џерами Грант беше најефикасниот играч на вечерта со 49 поени. Сепак, тоа не беше доволно за Портланд да го победи најслабиот тим во лигата Детроит од кого загуби по продолжение со 122:128.

Лука Дончиќ броеше до 39 поени на кои додаде 11 скокови, а Далас го победи Њујорк со 122:108.

Дербито на вечерта се одигра во Лос Анџелес каде гостуваше шампионот Денвер. Малку недостасуваше Никола Јокиќ да оствари нов трипл0дабл. Србинот, во победата на „Нагетс“ 114:106, придонесе со 24 поени, 13 скока и 9 асистенции.