И во наредните 4 години прв човек на македонскиот олимпизам останува Даниел Димевски.

Ова е епилогот по одржаното Редовно годишно изборно собрание на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).

На собранието одржано попладнево во СЦ „Јане Сандански“, Димевски како единствен кандидат доби поддршка од мнозинството делегати.

Највисокиот орган на МОК брои вкупниот 62 делегат, а денеска беа присутни 53 и двајца онлајн. Поддршка на Димевски му дадоа 45 делегати, двајца беа воздржани, а 8 против.

На ова, денепното собрание, пред два дена му претходеше неуспешен обид, Димевски да биде сменет од претседателската функција.

Тогаш организаторите на соборот во СЦ „Борис Трајковски“ пријавија присуство на 27 делегати со право на глас.

Претседателските избори треба што е можно побрзо да ги заборавиме и сите да се насочиме кон најважниот спортски настап, Олимпијадата во Париз летово. Очекуваме што е можно поголем број на македонски учесници, спортисти и повторно како и на ОИ во Пекинг да се израдуваме на медал.