Ракометниот шампионат на Македонија продолжува со натпреварите од плејофот. Распоредот на натпреварите одреди во 1.коло на стартот од вториот дел се „судрат“ големите ривали во македонскиот ракомет актуелниот првак Еурофарм Пелистер и Вардар.

Шампионот ќе биде под голем притисок особено што мотивите за првото место и одбраната на титулата се имперав за „битолчани“.

Според односот на сили, предноста ја има тимот од Битола, но психолошка предност треба да имаат „црвено-црните“ кои излегоа како „победници“ иако го загубија последниот натпревар одигран во Битола. Вардар поради подобриот меѓусебен биланс, заврши на првото место на табелата од првиот дел од првенството и затоа има бод предност во однос на Е.Пелистер.

Привлечноста на дерби дуелите е секогаш голема и затоа салата во Битола ќе биде исполнета до последното место. Ова нема да биде натпревар што ќе решава за шампионската титула, но ќе даде насоки на екипите како треба да продолжат. Голем хендикеп за Вардар ќе биде отсуството на јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира. Тој поради повреда при настап на репрезентацијата ќе отсуствува извесен период.

Натпреварот во Битола почнува во 18 часот, а ќе го судат најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Како делегати ќе бидат Александар Николовски и Марјан Начевски.

Во првото коло од плејофот покрај овој дуел, денеска се играат и останатите три:
16.00 ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД
17.00 ТИКВЕШ – СТРУГА
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
18.00 БУТЕЛ – ОХРИД

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА: Алкалоид 3 бодови, Вардар 3, Еурофарм Пелистер 2, Охрид 2, Тиквеш 1, Бутел 1, Струга 0 и Пролет 0.