Екипата на Борусија Дортмунд полека го губи чекорот со екипите што се борат за шампионскиот трофеј во Бундес лигата.
Во воведниот натпревар од 20.коло„Милионерите“ на гостински терен одиграа без голови 0-0 со Хајнденхајм.
Иако во текот на целиот натпревар екипата на Борусија имаше доминација, сепак тоа не успеа да го материјализира.
Иако постигнаа гол во 28-минута тој беше поништен поради офсајд. Јалови беа обидите на „Милионерите“ кои останаа „кратки“ за два планирани бода.
Борусија останува на 4.место на табелата сега со 37 бодови колку што има и Штутгарт на третото. Сепак, Штутгарт утре пред своите симпатизери го игра натпреварот со Фрајбург во кој популарните „шваби“ важат за фаворити,
Standings provided by Sofascore