Екипата на Лече направи големо изненадување совладувајќи ја фаворизираната Фиорентина пред своите симпатизери.

Лече беше пред пораз, но со два гола во судиското дополнение славеше победа.

А, натпреварот одлично почна за домаќините кои преку Оудин во 17-минута поведе со 1-0.

Во вториот дел Фиорентина направи пресврт и со головите на Мандрагора (50.минута) и Белтран (68), виолетовите поведоа со 1-2.

Тимот од Фиренца беше пред победа, но во судиското дополнение прими два гола. Пиколо израмни на 2-2, а две минути подоцна Доргу му донесе триумф на Лече.

Со тоа Чече ја прекина низата од шест натпревари без победа во Серија А, по која е на 13-тата позиција на табелата.

Фиорентина останува на 7.место на табелата, но го губи чекорот со четворката која се бори за Лигата на шампиони.