Шпанскиот шампион Барселона славеше победа во Белград кај Црвена Звезда. Во натпревар од 25.коло на Евролигата, Барселона ги надигра црвено-белите со 85-73.

По израмнетата прва четвртина (17-18), во втората Барселона направи солидна двоцифрена предност и на пауза заминаа со (32-45).

Во третиот период Барса имаше и најголеми +18 (49-62). Црвено-белите постојано ја бркаа негативата, но најмногу што направија е да дојдат до -8 (71-79).

Бризуела со 20 поени и Весели си 16 поени и 8 скокови беа најзаслужни за 17-тата победа на Барселона која е втора на табелата зад Реал Мадрид со 22 победи.