Кошаркарите на Монако за прв пат славеа победа над белградски Партизан во натпревар Евролигата.

Францускиот тим одигра фантастично во последниот период и го скрши отпорот на црно-белите, победувајќи со 85-70.

Првото полувреме мина во израмнета игра. Двата тима имаа свои добри периоди на игра, а домаќините за нијанса подобар во вториот период. Во него имаа и најголеми девет поени предност.

Во второто полувреме. Гостите од Белград беа конкурентни во третата четвртина, а во последната нивната игра се распадна. Тимот од кнежеството предводен од Мајкл Џејмс (19 поени, 7 асистенции) лесно стигна до посакуваниот триумф со убедливо 85-70.

Бадијала останаа 28-те поени на Кевин Партер за Партизан кој беше најефикасен на натпреварот.

Со оваа победа Монако се врати на 6.место на табелата, а Партизан останува 10-ти.

Standings provided by Sofascore