Екипата на Барселона благодарение на Бразилецот, Виктор Роке успееја да ја совлада Осасуна и а осои важни три бода. 

На натпреварот одигран на „Олимпискиот стадион“ во Барселона домаќините славеа минимално со 1-0.

Во првото полувреме двата тима имаа по две убави шанси за гол, но мрежите мируваа, а резултатот остана почетниот 0-0. 

Во вториот дел Барса тргна по офанзивно. Како резултат на таквата игра дојде и погодокот на Виктор Роке. Само што влезе во игра, минута подоцна (65) 18-годишниот Бразилец, погоди за водство од 1-0.

Дополнителен проблем за гостите беше вториот жолт картон на Унаи Гарсија по кој Осасуна од 67.минута остана со играч помалку. 

Ова беше важна победа, пред се за враќањето на самодовербата во редовите на Барселона.

Каталонскиот тим се врати на 3.место на табелата со три бода повеќе од Атлетико Мадрид кој вечерва го пречекува Рајо Ваљекано со Столе Димитриевски. 

Standings provided by Sofascore