Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Европското ракометно првенство во Германија откако во дуелот за 3.то место го совлада домаќинот на шампионатот Германија со 34:31 (18:12).
Воедно ова за Шведска е „двојна“ победа бидејќи на овој начин обезбедија и директно учество на Олимписките игри во Париз оваа година.
По стартното водство од 1:0 за Шведска, домаќинот Германија поведе со 2:1 и тоа беше единственото водство во текот на целиот натпревар. Како одминуваше натпреварот шведската репрезентација го зголемуваше водството и за првпат +7 имаше (14:7) во 23.та минута, додека во финишот на првиот дел Шведска уште еднаш (16:9).
На стартот од вториот дел шведскиот тим во уште два наврати го имаше највисокото водство од +7 (20:13 и 21:14). Германија со успеа да ја врати неизвесноста и во 43.та минута намали на 24:21.
Предноста на Шведска најчесто се движеше меѓу три и четири разлика, но во последните пет минути Германија успеа да ја врати неизвесноста откако намали на два негатива. Но, на сцена повторно стапи шведскиот голман Андреас Паличка, кој со две одбрани не дозволи Германија да намали на еден разлика. На крајот дуелот заврши со резултат 34:31.
Најдобар играч на натпреварот беше Паличка со 19 одбрани, а по 8 голови постигнаа Феликс Клар кај Шведска и Ренарс Усцинс кај Германија.
За Шведска ова е прв бронзен медал на европските првенства и прва победа во „малото финале“, откако претходно освоија пет златни медали (европски прваци беа во 2022 година) и едно сребро.