На Европското првенство за ракометари во Германија денеска на програмата се дуелите од 3.коло во четвртфиналната група 1 во Келн.
Веќе се одигра и првата средба по која Хрватска со поразот од Исланд се збогува со шансите за пласман во ТОП-4.
Хрватите загубија со 35-30 и останаа на два бода колку што има и Исланд на коло пред крајот.
Затоа пак олимпискиот шампион Франција е во „пол позиција“ и уште попладнево може да го осигура учеството во полуфиналето.
Триколорите кои имаат 4 бодови за противник ја имаат второ пласираната Австрија која има еден помалку. Победа на Французите ќе значи и сигурен пласман во полуфиналето, а Австрија ќе го чека исходот од вечерашниот натпревар.
Во него домаќинот Германија и Унгарија ќе влезат со идентични два бода. Победникот од тој меч (20.30 часот) ќе ги задржи шансите за второто место.
Потсетување дека од групата 2, веќе се познати полуфиналистите. Тоа се актуелниот светски првак Данска и бранителот на европскиот трон Шведска.