Домаќинот на Европскиот ракометен шампионат Германија е на чекор до пласман во полуфиналето.
На „крилата“ на публиката во преполната „Ланксес Арена“ во Келн, Германците ја совладаа Унгарија со 35-28.
До убедливата победа „панцирните“ стигнаа трпеливо и со борбена игра во вториот дел. Првиот беше израмнет па на полувреме се замина со резултат 18-17 за Германија. Во второто полувреме одличната германско одбрана си ја заврши задачата, па на крајот заслужено славеше победа.
Со оваа победа Германија изби на 2,место на табелата, зад Франција која веќе обезбеди полуфинале.
Германија сама ќе решава за пласман во ТОП-4 и тоа задутре во дуелот против веќе отпишаната Хрватска.
Унгарија и Австрија теоретски можат до второто место, но за тоа треба да се поклопат резултатите на сите три натпревари.