Водечката екипа на табелата во Бундес лигата, Баер Леверкузен славеше победа на гостувањето кај Лајпциг.

Во дуелот од 18.коло гостите победија со 3-2 иако во два наврати имаа негатива.

Симонс во првиот дел (7.минута) му донесе предност на Лајпциг. По само две минути игра во вториот Теља израмни на 1-1.

Одново домаќините стигнаа до предност преку Опенда во 56-тата минута.

Но, избраниците на Чаби Алонсо не се предадоа, напротив. Преку Фриц (63) и Хинкапи во првата минута од судиското дополнение (90+1) Баер стигна до победа со 3-2.

И овојпат, македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ги одигра само завршните 10-минути.

Леверкузен е лидер на табелата, сега со 7 бодови повеќе од минхенски Баерн кој има одиграно два натпревари помалку.

Лајпциг е четврти со 33 бодови колку што има и Борусија Дортмунд на петтото место.