Како што и се очекуваше за еден дерби дуел од 22.коло во кошаркарската Евролига, така и се покажа на паркетот во Атина.

Панатинаикос беше домаќин на Партизан, а и двата тима бркаат победи за да го осигурат местото во најдобрите осум во првиот дел од сезоната.

Грчкиот тим има негативен скор со белградски Партизан на последните три средби во кои забележа исто толку порази, па за нив императив ќе биде само победа и ништо друго.

На спротивната страна составот на Обрадовиќ, кој пак беше пречекан со големи овации од навивачите на Пао, сака да го задржи својот позитивен ефект досега во сезоната.

Мечот почна со предност на Партизан од +5. Разлика која Пао ја достигна и во финишот на првата четвртина стигна до минимално водство од 18-16.

Во втората четвртина се играше израмнета кошарка во која и двата тима се менуваат во водството. Сепак домашниот тим во средината на овој период се одлепи на +9.

Партизан се созеде од кризата и до крајот на полувремето со своја серија стигна на разликата од првиот дел. Па така Пао замина на полувреме со кош предност 42-40.

На стартот на третиот дел Партизан го презеде водството. Потоа се играше поен за поен во кој Партизан не дозволи Пао да се разигра.

Овој период го заврши поранешниот играч на црно-белите, Лесор со моќно забивање во последните секунди за израмнување на 58-58.

Последниот дел од мечот започна со серија на Пао од 6-0 по што Жељко Обрадовиќ мораше да бара минута одмор.

Како што одминуваше мечот така Пао се повеќе ја зголемуваше разликата која на 4 минути до крајот достигна 9 поени.

И тоа како се почуствува неиграњето на капитенот Пантер во составот на Обрадовиќ кој не настапи поради повреда.

Пао само ја одржуваше разликата во своја полза и на крајот стигна до победа од 84-71 вкупно 14-та во сезоната.

Конечно по три порази по ред Панатинаикос го победи Партизан и му го нанесе 11-от пораз во сезоната.

Нун го предводеше Пао со 21 поен, а Митроглу и Лесорт постигнаа по 16 односно 14 коша.

Кај Партизан најдобар беше Дозиер со 16, а Нанали постигна 13 поени.