Интер е вториот финалист од Супер купот на Италија по триумфот над Лацио во полуфиналето со 3:0.

Избраниците на Симоне Инзаги уште во 17-тата минута дојдоа до водство од 1:0 а заслужен за тоа беше Маркус Турам.

Интер зголеми на 2:0 во 49-тата минута по прецизно изведениот пенал на Хакан Чалханоглу.

Лошата форма на Лацио се потврди и во ова натпреварување бидејќи тие немаа шут кон голот на Јан Зомер.

Конечните 3:0 ги постави Давиде Фратези во 87-та минута по асистенцијата на Хенрик Мктаријан.

Во финалето кое ќе се одржи во понеделник со почеток од 20:00 часот, Интер ќе ја брани титулата од лани против екипата на Наполи, која вчеравечер ја совлада Фиорентина со идентични 3:0.