Младата машката репрезентацијата на Македонија за одбојкари до 18 стартуваше со победа над Косово.

На турнирот што се одржува во Струмица, македонските јуниори славе со убедливи 3:0 над врсниците од Косово.

Уште во првиот сет црвено-жолтите го најавија триумфот. Со сигурна игра стигна до водство, добивајќи го сетот со 25-19. Во вториот на противникот му дозволија да освои поен помалку (25-18). И во третиот речиси иста слика, па тој заврши со 25-19 на Македонија.

Со оваа победа нашите одбојкарски надежи во најмала рака обезбедија полуфинале на овој турнир. Со тоа исполнет е и предуслов за влез меѓу четирите селекции кои напролет ќе играат во втората квалификациска фаза.

Утре во меч од 2.коло на а групата, Македонија против Грција ќе игра за првото место.