Екипата на Лајпциг со пораз го започна вториот дел од сезоната во Бундес лигата. Тимот за кој во зимскиот преоден рок потпиша Ељиф Елмас загуби на домашен терен од Ајнтрахт со 0-1.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Ансгар Кнауф уште во седмата минута.

Се натаму мина во јалови напади на домаќините во обид да стигнат до израмнување, но безуспешно.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас доби само пет минути во самата завршница од мечот.

Лидерот на табелата Баер Леверкузен со голот на Паласиос во петата минута од судиското дополнение славеше против Аугсбург со 1-0.