Домаќинот Германија во првиот натпревар на Европското првенство покажа голема моќ. Германија убедливо ја победи Швајцарија со 27:14.

Германската репрезентација го започна натпреварот со серија 2-1. Во 10-тата минута домашната репрезентација зголеми на 4:2. Постепено Германија ја зголемуваше предноста, па во 18-та минута успеа да поведе со +6 (9:3). Швајцарија се обидуваше да ја намали негативата но, домаќините беа незапирливи. На полувреме Германија замина со 13:8.

Во втората половина Германската репрезентација успешно ја одржуваше предноста која ја создаде во првото полувреме. Во 45-тата минута Германија поведе со +10 (20:10). До крајот домашната репрезентација само ја одржуваше и зголемуваше предноста. Крајниот резултат беше 27:14.

Најефикасен од Германија беше Кнор со шест гола, додека од Швајцарија Рубин постигна четири гола.

Токму Германија ќе биде следниот противник на нашата репрезентација, а мечот ќе се игра во недела (14 јануари) во Берлин.

Ивона Кимовска