Дани Карвахал беше херој на Реал Мадрид. Во полуфиналето од Шпанскиот супер куп Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид со 5-3. Токму голот на Карвахал беше оној кој највеќе им помогна на „Кралевите”.

Во првиот дел видовме дури 4 гола. Резултатот рано го отвори Хермосо во 7-та по невнимание на Реал за време на корнер. Реал изедначи на идентичен начин преку Рудигер. По фантастична акција Менди постигна гол. Гризман изедначи на 2-2 по прекрасен дриблинг со којшто многу вешто му избега на Модриќ.

Второто полувреме беше доста тивко. По недоразбирање меѓу Кепа и Рудигер, Алваро Мората изнуди автогол и Атлетико поведе со 3-2. Пред самиот истек на 90-те минути Дани Карвахал го однесе мечот во продолжение.

Во првиот дел од продолжението акцијата малку згасна. Немаше ниту еден шут во рамките на головите на Кепа и Облак. Но сепак вторите 15 минути искажаа друга приказна. Прво преку голот на Хоселу, а потоа и на Брахим, Реал го доби полуфиналето.

Реал во финалето од Шпанскиот Суперкуп го чека подобриот од Барселона и Осасуна.

Барселона го брани трофејот на Суперкупот кого лани го освои со победа токму над Реал Мадрид.

Андреј Велјаноски