Македонската кадетска репрезентација за ракометари до 18 години е поразена од Швајцарија. Во натпревар „скопската“ група во квалификациите за Европското првенство, Македонија загуби од Швајцарија со 26-27.

Лошо почеток имаа македонските кадети, губеа со 1-6. Малку успеаја да ги консолидираат редовите и да намалат на -3. Сепак гостите повторно фатија ритам и во два наврати имаа најголеми +6. На полувремето Швајцарија замина со пет голови предност 15-10.

И во второто полувреме иста слика, Швајцарија постигна три гола и поведе со 18-10. Нашите надежи покажаа карактер и полека успеваа да ја анулираат негативата, но немаа сили да стигнат до израмнување. На крајот Швајцарците славеа со конечни 27-26.

Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Дамјан Митев со 6, додека по 5 гола постигна Теодор Пецановски и Самоил Ристевски.

По овој пораз, македонските кадети утре ќе мора да ја победат селекцијата на Косово која денеска убедливо загуби од Словачка со 22-33. А, прво ќе го чекаат исходот од натпреварот меѓу Швајцарија и Словачка во кој ќе навиваат за Швајцарците да останат не поразени.

Само така Македонија ќе биде второ пласирана, а со тоа ќе обезбеди пласман на Европскиот шампионат во Црна Гора.