Викендов во Англија нема натпревари од Премиер лигата, бидејќи фокусот е на натпреварите од третото коло во ФА Купот.

Првиот натпревар од денешната програма кој привлече поголемо внимание беше локално дерби помеѓу Сандерленд и Њукасл. Во него гостите славеа убедлива победа со 3-0.

Њукасл поведе во 35.минута благодарение на авто-голот на Билард. Во вториот дел два гола постигна Исак. првиот во 46-тата, а вториот од пенал во 90-тата минута за конечни 3-0.

Покрај Њукасл пласман во следната рунда обезбедија и Ковентри со победата над Оксфорд Јунајтед 6:2, Лестер кој славеше над Милвол на гости со 3:2 и Ипсвич кој го победи Вимблдон со 3:1.

Дербито на оваа рунда ќе се игра утре од 17.30 часот која во Лондон ќе се сретнат Арсенал и Ливерпул.