Ракометниот клуб Охрид се засилува за предизвикот во плејофот во Супер лигата. Јапонскиот репрезентативец Хироки Матсуока е најновото засилување за Охриѓани.

станува збор 26 годинашен ракометар кој игра на позицијата среден бек, а во Охрид ќе го носи дресот со број 5.

Како што информираат од клубот, со Јапонецот е потпишан договор до 2025 година.

Матсуока во Охрид доаѓа од чешката екипа Брно. Во домашниот јапонски шампионат тој играше за Осаки Осол и ланската сезона го понел признанието за најдобар играч (МВП).

Тој има одиграно повеќе од 20 настапи за младинската репрезентација на Јапонија, а доби повик и ќе биде дел од  најдобрата селекција на Азиските игри во јануари.

„Здраво на фановите на Охрид. Дали сте изненадени што јапонски ракометар ќе игра за Вас?

Ние сме можеби многу мали, но играме ракомет премногу брзо. Ќе дадам се за овој тим. Ве молам за поддршка.

Возбуден сум со доаѓањето во Охрид, преубав град, големо езеро, фасциниран сум. Се надевам на успеси со овој тим”, изјави Хироки.