Актуелниот шампион Реал Мадрид славеше нова победа во кошаркарската Евролига. „Кралевите“ го „демолираа“ белградски Партизан со убедливи 91-75 и ја остварија петата победа во низа, а вкупно 15-та сезонава 

Триумфот домашниот тим го најави уште во првиот период кој го дови до седум разлика. Во вториот Реал имаше и +17. Во второто полувреме Реал само ја зголемуваше предноста која во еден миг изнесуваше и 27 поени разлика. 

Босанецот, Муса со 23 и Хрватот, Хезоња со 14 постигнати поени беа најефикасните играчи во победничката екипа.  

Реал е неприкосновен на врвот на табелата со скор 15 победи и само 1 пораз. Зад нив е Виртус Болоња тим кој вечерва загуби на гостувањето кај Валенсија со 71-79. 

Standings provided by Sofascore