Македонскиот претставник во АБА2 лигата, екипата на ТФТ го претрпе и шестиот пораз. Во натпреварот од 7.коло на регионалното натпреварување, ТФТ е поразен од Борац Бања Лука со 66-65.

Одличното второто полувреме не ја надополни негативата од очајно одиграниот прв дел. 

Од самиот почеток, па се до крајот на натпреварот кошаркарите на Борац ја контролираа играта, а со тоа и резултатот. Имаше тимот од Бања Лука и најголеми 16 поени разлика, а на крајот славеше само со еден разлика .

Избраниците на Боро Смилковски првото полувреме го завршија со 13 негатива и само со 21 постигнат поен. Затоа во третата постигнаа еден повеќе отколку во првото полувреме (22) и полека фатија приклучок. Во завршните 90.секунди ТФТ дојде на поен негатива 60-61.  

Сепак, немаа доволно сили кај кошаркарите на ТФТ да направат комплетен пресврт, па мораа да се помират со поразот. 

Американецот, Алан Бернард Луис со 16 поени беше единствениот играч во редовите на ТФТ со двоцифрен број на постигнати поени. 

По овој пораз ТФТ заедно со Шибенка остануваат на последните две позиции на табелата со по само една победа.  

Од македонските претставници, на турнирот во Широки Бријег, останува уште утрешниот настап ма МЗТ Скопје и тоа во дуелот со Спартак Суботица.

Standings provided by Sofascore