Како увертира на настапите на најдобрата македонска ракометна селекција на Европското првенство, свој настап во квалификациите ќе има кадетска селекција. 

Имено репрезентацијата на ракометари до 18 години ја очекуваат натпреварите во квалификациите за ЕП 2024 во Црна Гора. 

Денеска селекторот Наум Танески го објавуваат списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојниот квалификациски турнир во Скопје. 

Македонија ќе игра во групата Б заедно со кадетските репрезентации на Швајцарија, Словачка и Косово.

На списокот на Танески се 20-мина играчи, но и дополнително шестмина како резерви. 

Собирот е закажан на ден 25.12.2023 година (понеделник) со почеток во 09:30 часот во салата  Автокоманда.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат од 5 до 7 јануари 2024 година.