За првиот месец (јануари) во новата година да не мине само во знакот на ракометот, се погрижи Одбојкарската федерација на Македонија. 

Имено двете јуниорски селекции за одбојкари и одбојкарки до 18 години ќе играат во квалификациите за Европските шампионати 2024-та. 

Македонија ќе биде и домаќин на еден од квалификациските турнири.  

Во Струмица ќе се играат натпреварите во машка конкуренција во периодот од 18 до 21 јануари во салата „Парк“. Македонските јуниори за противници во „А“ групата ќе ги имаат врсниците од Грција и Косово. Во група „Б“ се селекциите на Србија, Турција и Романија. 

Женска репрезентација ќе игра во бугарскиот главен град Софија, во периодот од 17 до 21 јануари. Македонските јуниорки за противнички ќе ги имаат врсничките од Србија и Турција.

Потсетување дека изминатото лето двете селекции до 17 години настапија на Балканијадата.