Два од трите македонски претставници во АБА2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер денеска имаат настапи.

Екипата на МЗТ Скопје попладнево ќе го игра првиот натпревар на третиот турнир во АБА2 лигата. Аеродромци во последниот натпревар од 6.коло за противник ќе го имаат црногорскиот претставник Подгорица. 

Двете екипи на изминатите пет натпревари забележаа по три победи и два порази, па се на делба на 5-тото и 6-тото место на табелата. Триумфот ќе значи израмнување со ефектот на екипата на Сутјеска која вчера го победи нашиот ТФТ. 

Натпреварат МЗТ Скопје Аеродром – Подгорица ќе се игра во терминот од 15 часот, а е последен од оваа рунда. 

Седмото коло започнува попладнево со мечот Широки – Хелиос, а во вечерниот термин на терен излегуваат кошаркарите на Пелистер. 

Битолчани кои пред два дена беа совладани од домаќинот Широки, денеска за противник ја имаат хрватската екипа Цедевита Јуниор. И во оваа ситуација двете екипи имаат ист „скор“ по две победи и четири порази. 

Затоа за двата тима императив е триумфот, доколку сакаат да го одржат чекорот со екипите кои се борат за место во плејофот. 

Натпреварот меѓу Пелистер и Цедевита јуниор ќе почне од 21 часот.

Standings provided by Sofascore