Женската сениорска репрезентација на Македонија е на 33.место во рангирањето на ФИБА, последното за оваа календарска 2023 година.

Двата порази од Португалија и од Србија делуваа негативно на пласманот на онаа европска табела која ја креира Светската кошаркарска федерација.

Со 94.4 бодови, Македонија е поставена на 33-тата позиција во поредокот на ФИБА Европа.

Што се однесува за нашите противници во европските-квалификации, Србија е на 4-тата позиција, Украина е 18-та, а Португалија на 22-то место.

Лидер е Шпанија, пред Белгија и Франција.

Гледано во светски рамки. Македонија е на 75. место во поредокот на ФИБА. Очекувано водечка е селекцијата на САД пред Кина и Австралија.