Како и на стартот на оваа сезона, така и на почетокот на втората плеј-оф фаза во машката ракометна Супер лига нé очекува големото дерби.

Денешната ждрепка посака во првото коло да се сретнат лутите ривали Еурофарм Пелистер и Вардар. Во разигрувањето за титулата сега првиот меч ќе се игра во Битола, а втората пресметка ќе биде во Скопје. 

Првите два овосезонски дуели донесува големи возбудувања и по една победа на домаќините. Но, поради подобрата гол разлика вардарци завршија како први и пренесоа 3, а пелистерци 2 бода во разигрувањето. 

Со три бода ќе започне и вицепрвакот Алкалоид кои пак е единствениот што сезонава има максимален број на победи. Алкалоид плеј-офот ќе го почне со дуелот против Пролет на гостински терен

Интересно ќе биде и во плеј-аут конкуренцијата. Во неа Голден Арт и вториот тим на Е. Пелистер ќе стартуваат со најмногу три бодови. Екипата на Голде Арт во првата рунда ќе игра со братскиот тим на Алкалоид, односно Мулти Есенс. Битолчани пак ги очекува гостување кај Аеродром во првото коло. 

Сезоната ќе продолжи по европскиот шампионат, односно втората половина на февруари месец.

 

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ – 1.КОЛО
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД
БУТЕЛ – ОХРИД
ТИКВЕШ – СТРУГА

ТАБЕЛА:
Алкалоид 3 бодови,
Вардар 3,
Еурофарм Пелистер 2,
Охрид 2,
Тиквеш 1,
Бутел 1,
Струга 0
Пролет 0.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ – 1.КОЛО
ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС
АЕРОДРОМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
ПРИЛЕП – СКОПЈЕ
КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО

ТАБЕЛА:
Голден Арт 3 бодови,
Е. Пелистер 2 3,
Аеродром 2,
Прилеп 2,
Мулти Есенс 1,
Куманово 1,
Вардар Неготино 0
Скопје 0.