Три дуели од 11-тото коло во Првата машка кошаркарска лига ќе се играат попладнево. Ова е претпоследната рунда од есенскиот дел на шампионатот.

Во ист термин (18 часот) ќе започнат натпреварите во Гостивар и Охрид. На дуелот во Гостивар домаќините ќе имаат тешка задача да ја прекинат серијата од два порази, а четири на последните пет натпревари. Гостиварци за противник ќе го има Работнички кој болката од поразот од претходното коло од Феникс ќе сека да ја ублажи против Гостивар.

Во Охрид истоимената домашна екипа го пречекува Вардар. Тоа е дуел на две од четирите екипи кои се во долниот дел од табелата и ќе имаат тешка задача во борбата за опстанок.

Третата е екипата на Кожув која ја чека тешко гостување во Битола кај Пелистер кој пак е во самиот врв на табелата. Битолчани сакаат да го одржат чекорот со лидерот МЗТ, а гевгеличани да фатат приклучок со екипите кои ќе играат во плеј-офот.

Останатите два натпревари ќе се играат утре, а сите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Сабота
18.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
18.00 ОХРИД – ВАРДАР
19.00 ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ЧАИР
20.00 ФЕНИКС – ТФТ
Одиграно во четвртокот
МЗТ СКОПЈЕ А. – АКАДЕМИЈА ФМП 79-74

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Пелистер 17, Еуро Никел 17, Работнички 16, ТФТ 16, Чаир 16, Феникс 16, Гостивар 14, Кожув 13, Вардар 13, Академија ФМП 11, Охрид 11.