Кошаркарите на Шкупи ја остварија седмата победа во второлигашката конкуренција. Очекувано избраниците на Симиќ славеа триумф над претпоследно пласираната екипа на Тетекс со 90-72 . 

Тетовци беа рамноправен противник само во воведните 6.минути кога и имаа предност (13-14). До крајот на првата четвртина постигнаа само три, а домаќините 17, па Шкупи веќе направи голема предност (30-17). До кракот на првото полувреме Шкупи додаде уште поени повеќе од противникот, па на одмор замина со +17 (52-35). 

Вториот дел беше само чиста формалност за на крајот тимот од скопската населба Чаир да слави со 18 поени разлика 90-72 . 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота
ШКУПИ – ТЕТЕКС ТТК 90-72
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018
18.00 КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС
19.00 МАЏАРИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
Недела
18.00 СОКОЛИ – МКК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16, Шкупи 14, Маџари 15, Ангели 13, Борец баскет 13, МЗТ Скопје У.Б. 13, Соколи 12, Водно Санс 11, Мега Баскет 10, Работнички 2018 10, Тетекс 10, Куманово 2009 8.