Екипата на Вардар славеше победа над Македонија Ѓорче петров во воведниот натпревар од 16.коло на ПМФЛ.

Вардарци втор пат сезонава излегоа како победници, сега на гостински терен совладувајќи ја Македонија со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Србинот, Михајло Милосавиќ во 35-тата минута. 

Ништо друго повозбудливо, што може да се издвои, не понудија фудбалерите на двете екипи.

Со четвртата победа и вкупно 14 бодови вардарци остануваат на дното на табелата. Македонија засега останува деветта со 18 бодови два повеќе ос Воска и Брегалница. 

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре од 13 часот. 

ПРВА ЛИГА – 16.КОЛО
сабота (13 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
недела (13 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л.
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА СТРУМИЦА
СИЛЕКС – ГОСТИВАР

Standings provided by Sofascore