Драматичен и исцрпувачки натпревар во белградска „Арена“ одиграа Партизан и Панатинаикос во рамките од 11-отто коло од Евролигата.

Дуелот беше решен по дополнителните пет минути, откако регуларниот дел заврпи нерешено 78-78. На крајот се радуваа домаќините со конечни 92-87.

Иако на четири минути до крајот на регуларното време гостите имаа 10 поени, предност сепак црно-белите се вратија во игра со серија од 15:3. 

Кевин Пантер во клучните моменти беше незапирлив и му донесе шанса на својот тим во продолжението. Таквата можност Партизан не ја пропушти, го доби продолжението со 14-9, а натпреварот со 92-87. 

Ледеј со 23 и Дозер со 16 беа најефикасните во победничката екипа за која капитенот Пантер реализира важни 13 поени. 

Партизан така стигна до петата победа, а Панатинаикос го претрпе петтиот пораз.

Инаку ова беше вториот натпревар од денешната програма кој беше решен по продолжение. Во првиот Фенербахче го победи Реал Мадрид.