Екипата на Лацио е на чекор до пласман во нокаут фазата, на Лигата на шампионите. Ова откако благодарение на двата гола на Чиро Имобиле, Лацио го совлада Селтик со 2-0. 

По релативно досадниот натпревар во Рим, Лацио дојде до триумф пред самиот крај. Во 82-та и 85-тата минута двоен стрелец беше Имобиле.

Сека „лациалите„ ќе го чекаат исходот од вториот меч во оваа група меѓу Атлетико Мадрид и  Фејнорд.

Со 10 бода Лацио е лидер на табелата, па доколку вечерва Атлетико остане не поразен, италијанскиот тим уште по ова коло ќе се пласира во осминафиналето.

Доколку триумфира Феенорд, тогаш Лацио во директен дуел против Атлетико ќе се бори за пласман во следната фаза.

Андреј Велјаноски 

Standings provided by Sofascore