Украинската екипа Шахтјор ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вечерва во Хамбург го победи белгиски Антверпен со 1:0.

Ова беше трета победа за Шахтјор (9 бодови) во групата Х каде Барселона и Порто, кои исто така имаат по 9 бодови. Шахтјор во последното коло гостува кај екипата на Порто.

Голот за победа за Шахтјор го постигна Микола Матвијенко во 12.та минута што беше гол вреден победа и три бодови.

Со овој триумф украинската екипа обезбеди настап во пролетниот дел од еврокуповите. За белгиски Антверпен ова беше петти пораз во исто толку натпревари.

Во вториот натпревар од 5.коло од ова коло играат Барселона и Порто.

Standings provided by Sofascore